easyPOSресторант е апликативен софтвер наменет за ресторани и компании кои имаат промет од помал обем и чија дејност се извршува на една физичка локација . Овозможено е работа од повеќе компјутери истовремено од кои еден е сервер а другите се касиили се таблет компјутери за креирање на нарачките од клиентите. На серверот можеда се користат сите можности на програмот додека на касите може да се врши само малопродажба (фискални сметки) или земање на нарачки и инстантно печатење на истите на ПОС принтер на шанк, кујна или двете заедно. На компјутерите од кои се користи easyPOS не е потребно да биде инсталиран лиценциран софтвер (Windows), може да работи подеднакво добро на Linux чија лиценца е бесплатна или пак Андроид оперативен систем.easyPOSможе да се користи и за големопродажни активности на ресторанот без ограничување само на ресторантско работење.
easyPOS ресторант е софтвер чија задача е да овозможи целата документација која настанува како резултат на работењето на компанијата да биде навремено, уредно, лесно и законски исправно изготвена. Користејќи точна и уредна документација easyPOS изготвува и повеќе извештаи кои овозможуваат информирање на менаџерот за секој аспект на работата накомпанијата, извештаи кои се потребни на сметководството како и инспекциските служби.

easyPOSресторантсодржи:


Шифрарници:

  • Евиденција на артикли со шифра, назив, баркод
  • Евиденција на артикли-производи како на пример, јадења, коктели и слично кои се произведуваат од суровини согласно со дефинирани рецептури / нормативи
  • Групирање на артикли во групи, подгрупи итн.
  • Евиденција на коминтенти со шифра, назив, адреса, контакт информации со можност за диференцијација на коминтенти и доделување засебни ценовници
  • Креирање на редовен ценовник, неограничен број на посебни ценовници
  • Организирање на акциски, сезонски, дневни и други видови попусти на артикли или групи на артикли
  • Креирање на различни типови на документи по желба со соодветни карактеристики зависно од потребите на компанијата
  • Дефинирање на број и имиња на масите во ресторанот или кафулето
  • Евиденција на корисници на системот со различни нивоа на пристап до опциите



Материјално и ресторантско работење:

  • Евиденција на зафатени и слободни маси
  • Креирање на нарачки од клиентите од компјутер или таблет компјутер како и дополнување на нарачки и пренос на маси од еден келнер на друг. По внесувањето на нарачката во таблет компјутерот истата автоматски се печати во кујната или шанкот за да биде подготвена за послужување додека келнерот зема друга нарачка или доаѓа да ја подигне
  • Поделба на артиклите за печатење на нарачките на различни ПОС принтери. На пример јадењата се печатат на ПОС принтерот во кујната а пијалоците се печатат на шанкот за брза и ефикасна подготовка на нарачката
  • Продажба преку Фискални сметки, Сметкопотврди, Одложено плаќање
  • Автоматска евиденција на Работните налози за производство при продажба на артикли-производи
  • Набавки од домашни добавувачи со Приемници (увоз не е поддржан)
  • Корекција на залихата преку попис и записници за изминати рокови на траење и други причини
  • Продажба на големо преку Испратници/Фактури, Консигнации, Реверси (извоз не е поддржан)
  • Фактурирање на угостителска услуга на компании
  • Поврат на продадени артикли од купувачи преку Повратници или Сторни сметки
  • Креирање на Нарачки кон добавувачи или од купувачи, Понуди/Профактури со автоматско генерирање Испратница/Фактура по прифаќање на понудата



Комерцијално работење:

  • Евиденција на плаќања од купувачи и кон добавувачи
  • Евиденција на отворени ставки
  • Фактурирање по основ на издадени Испратница или една Фактура од повеќе Испратници
  • Фактурирање врз основа на вршење на угостителски услуги кон компании за повеќе услуги во одреден временски период
  • Доделување на дилерски ценовници за дилери или чести купувачи
  • Доделување попусти со процент или номинално и автоматски генерирање на документ одобрение за попуст
  • Евиденција на нефактурирани испратници и сметки
  • Евиденција на плаќања во готово или со платежни картички
  • easyPOSне поддржува финансиско сметководство но затоа ги обезбедува сите документи кои се потребни на надворешните сметководители и инспекциските служби.



Извештаи:

  • Моментална лагер листа како и лагер листа за одреден датум во минатото
  • Материјална картица за артикал со целосна хронологија на измените на артиклот
  • Детален извештај за продажба преку фискални и нефискални сметки соразлични видови на филтрирања и сортирања како на пример по келнер, смена, час од-до итн.
  • Спецификација на продажба преку сите типови на документи и на сите начини со разни филтрирања и сортирања
  • Извештај за избришани ставки кој помага да се види кој документ или ставка е избришана од кој документ и чија страна
  • Извештај за остварена разлика во цени (разлика меѓу набавната и продажната цена на продадените артикли)
  • Извештај за раздолжување со готовина на крајот од работниот ден за секој келнер посебно со цел разграничување колку има регуларни пари а колку е бакшиш
  • Евиденција во трговијата на мало (образец ЕТ)
  • Евиденција во трговијата со услуги (обрзец ЕТУ)
  • Книга на дневни финансиски извештаи (образец КДФИ)



Операции со фикален принтер:

  • Внес и вадење на службени пари од касата преку фискален принтер
  • Скратен и детален периодичен извештај за прометот во фискалниот принтер
  • Контролен дневен извештај и дневно фискално затворање



easyPOS не е наменет за компании чии деловни локации се наоѓаат на различни оддалечени физички локацииза кои е битно да има само една база. За тоа е наменет програскиот пакет CollabBOX.